Канцелариски простор во ПАРК РЕЗИДЕНС на ПРОДАЖБА139 900.00€
Опис на имот
Понуда за ПРОДАЖБА на невселуван канцелариски простор во станебно-комерцијалниот комплекс ПАРК РЕЗИДЕНС. Лоциран покрај градскиот кеј, со отворен поглед кон реката Вардар, канцеларскиот простор е на прв кат каде што повеќе компании имаат сопствени седишта. Канцеларискиот простор се состои од 1 голема просторија со површина од 35-40 м2 која дозволува различни можности. Во зависност од потребите, овој простор може да биде искористен мултифункционално, односно може да биде искористен како конференциска сала или центар за обука со 12-14 седишта, може да биде поделен во 2 просторни канцеларии за 6-7 седишта или океански тип. Канцеларискиот простор дополнително има една канцеларија за управителската функција, една која што овозможува простор за 3-4 седишта, нова целосно опремена кујна, 2 тоалети и 2 балкони ориентирани кон реката Вардар. Канцеларискиот простор е изграден врз база на архитектонски решенија и истиот може да се купи целосно опремен за дополнителни 12.000 ЕУР. Греењето и ладењето се регулирани преку централен систем базиран на фенкојлери и клима уреди. Паркингот е регулиран преку голем број на паркинг места околу зградата. Канцеларискиот простор е наменет за компании кои што ќе дадат предност на позитивната работна околина и ќе ги искористат околните удобности кои што оваа локација ги овозможува. Во поставената цена не е вклучено 18% ДДВ.
Детали за имот
- Референца: GG 968
- Статус : Нов
- Целокупна квадратура : 123 m²
- Град : Skopje
- Населено место : Centar
- Внатрешна квадратура : 112 m²
- Соби : 3
- Цена/m2 : 0.00€
- Адреса : ---
- Хипотека :
- Прегледи : 9378
- Кат : 1
Функционалности
- Соби
- Бања (бањи) 2
- Квадратури
- Целокупна квадратура 123m2
- Внатрешна квадратура 112m2
Контакт
Локација
Симулатор
Сума
Време(Години)
Камата %
Месечна исплата | Број на исплати |
---|---|
Вкупна камата | Вкупно исплати |