ПРЕМИУМ ЛОКАЦИЈА
Цена според барањата

Опис на имот
Премиум Локација. Деловен простор на премиум локација во центарот на Скопје. Предметниот имот е лоциран на бул. Климент Охридски, кој се протега од Влада на Р.Македонија на север, се до јужната страна во станбеното и дипломатската населба на Водно. Совршен избор за бизниси и претставништва кои имаат потреба за премиум пристап, совршена видливост, комуникација, и препознатливост на брендот. Деловниот простор се протега на три спрата поврзани со скали, едни го поврзуваат приземјето со подрумот (-1) и дополнителни со горниот спрат (+1). Приземјето има директен пристап од булеварот, како и дополнителен влез од задната страна, со што се олеснува движењето на персоналот и логистиката на стоки, како и за одржување. Во задниот дел на имотот постои паркинг зона за жителите и останати корисници во рамките на предметниот блок. Деловниот простор има 285м2 бруто површина за изнајмување. Предниот дел се протега на 150 квадратни метри со двојна висина од остатокот од имотот (приближно > 5м) и излог на булеварот. Дополнително има и административен дел со тоалети и кујна од 9 квадратни метри. Подрумот е поврзан со приземјето со скали од административниот дел и се протега на 75 квадратни метри. Покрај тоа, во подрумот, постои посебен систем за греење, ладење и вентилација, од останатиот простор обезбедувајќи целосна применливост за користење на истиот за повеќе намени. Горниот спрат е поврзан со приземјето со посебни скали од предниот дел. Се протега на 51 квадратни метри, и има две посебни простории, дел за прием и канцеларија. Приземјето со горниот спрат користат централно греење и одделни единици / клима уреди за ладење. Имотот има совршена видливост долж централниот дел од булеварот, како и од крстосницата преку која се поврзуваат патишта од југозападните делови на Скопје. Дополнително, имотот се наоѓа на првата линија на булеварот со директен пристап за пешаците и велосипедистите. Локацијата обезбедува позиционирање на централно место во градот. Булеварот е еден од главните сообраќајни артерии кои ги поврзуваат сите делови на градот. Имотот се нуди за закуп за период подолг од 3 години со опција за продолжување. Што се однесува до моменталната состојба, условите за закуп може да вклучат услови за уредување согласно на потребите и барањата на закупецот.
Детали за имот
  • Референца: GG 1017
  • Статус : Реновирање
  • Целокупна квадратура : 285 m²
  • Град : Skopje
  • Населено место : Centar
  • Внатрешна квадратура : 0 m²
  • Соби :
  • Цена/m2 : Цена според барањата
  • Адреса : ---
  • Хипотека :
  • Прегледи : 3944
  • Кат :
Функционалности
Контакт
Име*
Телефон*
Емаил*
Порака*

Агент

Admin Century 21 GG's Point
072253603

Детали за агенцијата

CENTURY 21 GG's Point
+389 2 3225 021
Локација
Симулатор
Сума
Време(Години)
Камата %
Месечна исплата Број на исплати
Вкупна камата Вкупно исплати